X
 12.03.2015 Наука

Ноам Чомски за тоа како децата го совладуваат јазикот

Ноам Чомски во поново време е веројатно најпознат поради неговата доследна и отворена критика кон американската надворешна политика.

 

comski


Сепак, пред војната на тероризмот и војната против дрогата, Чомски беше меѓународно познат по неговиот предлог за решавање на прашањето: што знае едно бебе?

Платон тврдел дека децата задржуваат спомени од нивните минати животи така што на овој свет доаѓаат со разбирање на јазикот. Џон Лок се спротиставил на тоа, велејќи дека умот на едно бебе е празен врз кој светот го остава својот впечаток. После неколку годишно истражување, Чомски предложил дека новороденчињата имаат способност да ја разберат математиката. Совладувањето на јазикот кај човекот е исто елементарно како градењето на брана за еден дабар. Тоа е она за коешто сме програмирани. Теориите на Чомски го револуционизираа начинот на кој ние ја разбираме лингвистиката и умот.

Пред некое време, филмскиот режисер Мајкл Гондри го интервјуирал Чомски, а потоа целото интервју го создал во проширен анимиран документарец наречен „Is the man who is tall happy?“.

Подолу ви нудиме видео од филмот. Во неговиот француски акцент, Гонди поставува прашање дали постои корелација меѓу усвојување и совладување на јазикот и почетокот на спомените. Секој оној што го гледал „Eternal sunshine of the spotless mind“, знае дека меморијата е една од главните опсесии на овој режисер.

„Децата знаат доста многу за јазикот, многу повеќе отколку што очекуваме, пред да бидат изложени на тоа знаење“, вели Чомски. 

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука