X
 13.03.2015 Култура

Иднината на "Game of thrones": HBO сака повеќе од 7 сезони

Епската серија позната по шокантните убиства, преговара за сезоните и нејзиното завршување.

 

2


Дејвид Бениоф и Ден Вајс, извршните продуценти на „Game of thrones“, претходно изјавија дека се надеваат дека серијата ќе продолжи со седум сезони.

Пред неколку месеци, HBO направи чекор понатаму кон постигнувањето на таа цел - уште две рунди кастинг на идните ликови.

„Ја гледаме светлината на крајот од тунелот. Се`уште има долг пат и потребно е да се поработи, но дефинитивно знаеме накаде се движиме и што е крајот“, вели Бениоф.

Но, дали НВО е подготвена во 2017 година да стави крај на една од најпопуларните серии во историјата на оваа компанија?

„Ова е тешкиот дел од она што го правиме. Го започнавме патувањето со Дејвид и Ден. Тоа е нивна визија. Би сакал серијата да трае 10 години и како фан и како извршен директор на мрежата“, вели Мајкл Ломбардо претседател на НВО.

Што ќе се случи ако продуцентите се подготвени и сакаат само 7 сезони, а НВО сака повеќе? Нормално, преговори. И секако, многу преговори. „Имаме искрени разговори коишто ги испитуваат сите можни начини. Доколку на Ден и Дејвид не би им се допаднала идејата за повеќе од 7 сезони, тогаш им верувам и верувам дека таа би била правилна одлука иако тоа би било престрашно за мене. Сигурно нема да се согласам да продолжам со серија чијашто приказна продуцентите сметаат дека е веќе завршена“.

И секако, тука доаѓа во предвид идејата за филм. Џорџ Р.Р.Мартине е меѓу оние луѓе кои лобирал за завршување на серијата со филм. Како што вели тој, би обележал редок и ризичен отскок на серија со филм, но серијата веќе се гледа како филм и има огромна и страствена глобална публика.

НВО не е баш наклонета кон идејата за филм, дури и ако потенцијално стане огромен хит. „Секако дека разговаравме за тоа. Но, кога ќе се започне со серијата, НВО ветува дека оди до крај со неа. Чувствувам дека филмот би ги променил правилата“, вели Ломбарди.

Уште една можност е дека НВО ќе се одлучи за спин-оф од серијата. Се`уште не постојат конкретни разговори, меѓутоа Мартин има развиено договор во врска со ова.

Сега засега, продуцентите велат дека приоритет им е на серијата да и` дадат најсилен можен крај. „Точно знаеме колку часови се останати до крајот на оваа приказна. не сакаме да додадеме плус 10 часови. Целта на една серија е да се пронајде онаа слатка точка која функционира и за нас и за НВО, а најмногу, за публиката“, вели Вејс.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура