X
 16.03.2015 Образование

Ќе се доделуваат бесплатни таблети на студентите

Во рамките на континуираната соработка со компании од стопанските комори, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска, денеска имаа работен состанок со претставници на компаниите членки на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ.


 
Ивановски ги запозна присутните со тековните активности на министерството во ИКТ сферата, како и со новите владини проекти за развој на информатичкото општество.

 
„Ќе се доделуваат таблети со тастатура на сите студенти на приватни и државни факултети во трета или четврта година од студиите, доколку нивните семејства имаат приход помалку од просечната плата. Се надеваме дека оваа мерка ќе доведе до позитивен резултат и за студентите и за приватниот сектор, а со тоа ќе има и пораст на економијата.„- рече министерот Ивановски.

До крајот на август треба да почне јавната набавка за таблети.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование