X
 17.03.2015 Образование

Студија од Македонци објавена на престижниот светски портал MIT Tech reviews

Алгоритмот за рангирање на интернет-страниците стана еден од најпознатите во компјутерската наука. Тој бил направен за рангирање интернет-страници според нивното значење според нејзината поврзаност со други важни страници. Алгоритмот работи броејќи ги врските до одредена интернет-страница и значењето на страниците откаде доаѓаат врските. Со процес на итерација алгоритмот создава ранг.


Алгоритмот бил развиен од основачите на „Гугл“ во средината на 1990-те години. Истражувачите започнале да го користат за рангирање врски во други мрежи. Една идеја била да се користи за рангирање истражувачки трудови користејќи ја мрежата од врски во референците. Друга е употребата за избори каде секој е кандидат и може да гласа за било кој друг.

Студентката Верица Лазова заедно со својот професор Ласко Браснарков од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ пронашле нова употреба за алгоритмот. Тие создале комплетно рангирање на националните фудбалски тимови во светот користејќи ги резултатите од 20 Светски првенства кои се одржале од 1930 година.

Нивната претпоставка е дека еден тим треба да да биде високо рангиран доколку победил други високо рангирани тимови. Тие ги искористиле резултатите од над 7.000 натпревари одиграни помеѓу 20 земји од 1930 година. За време на овие игри, тимовите дале над 20.000 голови, а просечно 4,3 по натпревар.

Во мрежата на Лазова и Баснарков тимовите се јазли а врската помеѓу нив постои доколку играле еден наспроти друг. Јачината на врската зависи од резултатите од натпреварите. Потоа е применет алгоритмот со повеќе повторувања за да се добие рангирање.

Највисоко рангиран тим е Бразил, што не изненадува нималку со оглед на тоа што земјата победила на првенството рекордни 5 пати. Исто така, тие учествувале на првенството повеќе од било која друга земја и дале повеќе голови од останатите. Во Бразил доаѓаат: Италија, Германија, Холандија, Архентина, Англија, Шпанија, Франција и Чехо-Словачка. Лазова и Баснарков ги споредиле своите резултати со оние направени од ФИФА. На оваа ранг листа прв е Бразил, па потоа следува Германија, а потоа Италија. Аргентина е четврта, Шпанија петта, а Англија шеста.

REF: PageRank Approach to Ranking National Football Teams

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование