X
 24.03.2015 Образование

Средношколците од Битола на марш против лошите реформи

Средношколскиот пленум ги повикува сите ученици, професори и професорки, родители, студенти и идни средношколци да им се придружат за време на маршот против лошите реформи во средното образование.


Денес (24.03) точно напладне средношколците ќе се соберат пред средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ за да се борат за своите барања, односно за укинување на екстерното тестирање и враќање на стартиот модел на државна матура.

Средношколскиот пленум „излегува на марш затоа што истите беа игнорирани од Министерството за Образование и Наука! Затоа што откако со години го малтретираа, го убија средното образование! Затоа, да излеземе да го вратиме! Образованието е јавно добро и е коренот на општеството. Од него произлегува сè останато. Наша обврска и општествена одговорност е да се бориме за квалитетно образование. За нас, за нашето општество! Со квалитетот нема компромис, за квалитет не се преговара. Затоа, да маршираме во борбата за подобро образование и во борбата за подобро општество!“

Другите градови не беа тивки за реформите во образованието, исто така. Изминатата недела се одржаа повеќе средношколски маршови низ целата земја на која се појавија повеќе илјадници средношколци, родители, професори и граѓани. Вчера маршираа и средношколците од Делчево.

Настанот на „Фејсбук“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование