X
 25.03.2015 Наука

Решена мистеријата на "чудните" животни на Дарвин

дарвин

Научниците конечно утврдиле каде на семејното стебло на цицачи спаѓаат чудните суштества како камилата без грб и носорогот со заби на глодар.


Чарлс Дарвин ги открил фосилите на овие древни суштества во текот на посетата на Јужна Америка во 1830 гоина, но не ги класифицирал.

Тогаш научниците немале среќа со класификацијата на овие цицачи бидејќи нивната ДНК за брзо време била деградирана поради топлата клима во Јужна Америка, но сега двајца британски истражувачи со помош на друг пристап, го утврдиле нивното место на семејното стебло на цицачи.

Тие прво создале семејно стебло на колаген користејќи протеин за да ги откријат семејните односи на другите животни, а потоа го зеле колагенот од фосилот на животните кои потсетуваат на носорог и камила.

Тие откриле дека цицачите кои го збуниле Дарвин припаѓаат на групата Perissodactyla која ги вклучува носорозите и коњите. Методот може да се користи во анализа на други суштества кои постоеле пред повеќе милиони години.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука