X
 26.03.2015 Образование

Три сили кои го обликуваат универзитетот на иднината

Високото образование е од суштинско значење за просперитетно општество: тоа е најсилната и најголемата скала која доведува до зголемување на социо-економската мобилност.

 

2

 

Во време кога пристапот и достапноста се полесни и поедноставни од било кога, универзитетите во светот се соочуваат со промени. Три сили создаваат можности и предизвици со кои ќе ја дефинираат иднината на еден од најтрајните и најдоверливите институции на човештвото.


Влијание на технологијата

Истражувачите и научниците ги споделуваат нивните откритија побрзо и поефикасно благодарение на дигиталниот универзум. Можноста за комуникација со ученици од целиот свет преку онлајн образовни платформи ќе го прошири опсегот на високо образование и ќе навлезе длабоко во 21 век.

Прашањата за проценка сега полесно се одговараат благодарение на невидените количини на податоци поврзани со како, кога и каде луѓето учат најдобро. Токму овие заклучоци ќе го обликуваат начинот на кој размислуваме за учењето и предавањето.

Како што овие напори покажуваат што може да се постигне, тие ја истакнуваат и моќта на близината. Откриваат дека образованието во живо, со физичко присуство на професорот, не може никогаш да биде заменето од онлајн образованието. Зошто? Затоа што физичките предавања изобилуваат со моменти кои студентите ги доживеале и на некој начин тие ги формирале како личности и преку нив дознале за нивното место во светот. Овие моменти се случиле токму во еден заеднички простор, заедно со професорите, за време на предавање или во студентскиот дом или пак во лабораториите.

Променливиот облик на знаењето


Голем број истражувачки универзитети се организирани како се'уште да живеат во 19-от век, со области и дисциплини во кои се случува наставата и истражувањето. Доколку се земат во предвид некои од најзначајните и последователни предизвици со кои се соочува човештвото, линијата која постоела меѓу видовите на знаење, сега станува флексибилна или пак целосно исчезнува.

Кога вирусот ебола се појави во Сиера Леоне, истражувачите на јавното здравје од Харвард во соработка со Западна Африка за брзо време започнале да ги анализираат геномите, работејќи на потеклото и пренесувањето на вирусот. Некои од овие луѓе работат за да произведат уред за откривање на вирусот. Лекарите, хемичарите и инженерите доаѓаат до заедничко решавање на прашањата кои се исто конкретни и технички колку што се културни, историски и политички.

Она што е најважно во овие моменти, е препознавањето на обемот на експертиза со кој располага човештвото - и доведувањето на најдобрите умови заедно за да работат и да ги решат проблемите.

Обидот да се дефинира вредноста на образованието

Знаењето може и ќе ги одговори и најтешките прашања, а високото образование обезбедува пат на можности за вработување како и економска благосостојба. Студентите кои дипломираат на факултет заработуваат повеќе во нивниот живот од нивните врсници кои не завршиле факултет, и имаат тенденција да бидат повклучени граѓани како и да живеат подолг и поздрав живот. Овие се важни резултати, и сето ова звучи примамливо, меѓутоа е тажно што денес универзитетите се гледаат како средство за повеќе пари.

Високото образование на некој начин ги подигнува луѓето. Им дава перспектива за значењето и целта на нивниот живот што претходно сигурно не би ја развиле ниту пак запознале. Дали е можно да се измери ова искуство, да се комуницира неговата вредност преку збир на податоци? Секако дека не. Мора да продолжиме да се подготвуваме за следната генерација на големи мислители кои ќе го движат светот користејќи ги доказите и причините како нивен водич, разбирајќи ја нивната работа во најширока смисла, како и замислување и дефинирање на нивните цели.

Толку многу е постигнато преку истражување и предавање. Толку многу љубопитност и креативност е поттикната, токму благодарение на универзитетите и високото образование. Мора да бидеме внимателни и да ги штитиме идеалите на високото образование затоа што овие идеали ни служат нас се' додека работиме заедно за подобрување на светот.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование