X
 31.03.2015 Курсеви

Career Direction - Проект за средношколци

Career Direction е проект наменет за младите луѓе во средните училишта и подигање на нивната свест во поглед на предизвиците кои им следат. На овој проект се обрнува внимание на темите како лидерство, комуникациски и презентациски вештини, претприемништво, јавно говорење и др. Мотото под кое се води проектот Career Direction е #OpenYourFuture.

 

Проектот се одржува од страна на АИЕСЕК Скопје, која е интернационална , непрофитна организација која им обезбедува можности на младите луѓе со кои тие би се надградиле себеси во глобални лидери кои ќе го имаат потенцијалот за да поттикнат и создадат промени во општеството во кое живееме. Воедно, проектот е поддржан и од Универзитетот American College Skopje, во чии простории и ќе се одвива.

На самиот проект, средношколците ќе имаат можност да стекнат нови пријателства и да научат нешто ново, а потоа истото да го применат во интерактивните работилници и дискусии кои следат после секоја сесија.

За оваа година, се направи модификација на проектот, со што тој ќе се реализира како PBOX проект (Project Based on Exchange), односно како размена на млади студенти. Млади предавачи од различни земји од светот ќе ги држат обуките и работилниците на самиот проект. На овој начин средношколците ќе имаат можност да се запознаат со луѓе од различни краеви на светот, да осознаат и разменат мислења за нивните култура и нивните гледишта за лидерството.
Career Direction ќе се одржува само за викендите во периодот од 04.04.2015 до 10.05.2015 година (без викендите на 11-12.04.2015 за Велигден и 02-03.05.2015 година), во просториите на Универзитетот American College Skopje.

Котизацијата за учество на проектот изнесува 250 ден, кои се уплатуваат на сметка во пошта или банка. (За плаќањето ќе добиете повеќе информации откако ќе завршите со пополнување на online апликацијата)

Апликацијата за учество на проектот Carreer Direction:

https://docs.google.com/forms/d/1E4ir7aU97Kk9Qvdf2GsJT54d14F-5oI_MuC7a6Tdlrs/viewform

За повеќе информации околу проектот може да добиете доколку не следите на нашата facebook и twitter страна.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Курсеви