X
 02.04.2015 Образование

Дали барањето потврда за положени испити од страна на родител спаѓа во заштитени податоци?

Правото на заштита на личните податоци е уставно загарантирано право за секое физичко лице. Поради големото значење на приватноста за поединецот, во најголемиот дел од земјите од светот ова право е регулирано преку прописи во делот на заштитата на фундаменталните права на човекот. Дирекцијата за заштита на личните податоци посветува особено внимание кога правото на заштита на личните податоци е повредено на деца/ученици и во континуитет подготвува иницијативи за подигнување на јавната свест во секторот образование. Во таа насока, а и во насока на информирање на целната група – студенти, од интерес е да се објави и ваквото прашање кое неодамна стаса во Дирекцијата за заштита на личните податоци.


 


Прашање:

Дали спаѓа под заштита на личните податоци ако како родител барам податоци од факултетот каде што е запишан синот за неговиот статус за положени испити и запишани семестри?

Одговор:

Почитувани,

Согласно член 2 став 1 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05, 103/08, 124/10, 135/11 и 43/14), личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет, Согласно член 119 став 1 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/08, 103/08, 162/08, 26/09, 83/09, 99/09, 115/10, 17/11, 51/11, 123/12, 15/13, 24/13, 57/13, 41/14, 116/14, 130/14), високообразовните установи ја водат следната евиденција со лични податоци за студентите:

1)    евиденција на пријавени за упис и запишани студенти,
2)    личен картон кој се води за секој студент од започнување на студиите до завршување на студиите односно до отпишувањето,
3)    записник за испитот со кој се евидентира пријавата кон испитот, текот на испитот и постигнатата оценка и
4)     евиденција на издадени документи за завршени студии,
-    во став 2 на овој член, евиденциите од ставот 1 точки 1, 2 и 4 на овој член опфаќаат: име и презиме на студентот (за студентките и моминското презиме), пол, датум, место и дата на раѓање, држава на раѓање, живеалиште или претстојувалиште, единствен матичен број на граѓанинот, државјанство, претходно стекнато образование, начин на студирање како и други податоци по посебни прописи. Евиденцијата од ставот 1 точка 2 на овој член опфаќа и податоци за положени испити, за напредувањето и завршувањето на студиите,
-    во став 3 на овој член, евиденцијата од ставот 1 точка 3 на овој член опфаќа: име и презиме на студентот, (за студентките и моминското презиме), пол, единствен матичен број на граѓанинот, начин на студирање, година на студирање и студиска година на првиот упис, датум на испитот, податоци за тоа дали испитот го полага прв пат или го повторува, како и оценка добиена на испитот,
-    во став 4 на овој член, одредбите во врска со водењето, употребата и чувањето на личните податоци од евиденциите по овој закон се користат и за документација, врз основ на која биле собрани личните податоци. Документите за претходното образование по завршената уписна постапка му се враќаат на студентот.

Врз основа на горенаведеното, во конкретниот случај, податоците за Вашиот син претставуваат лични податоци и за нивната обработка е одговорен факултетот, како контролор на збирките што се водат, согласно Законот за заштита на личните податоци и Законот за високото образование. Начинот на обработката на личните податоци, како и техничките и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци ги пропишува контролорот во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Доколку имате други одредени прашања од областа на заштитата на личните податоци, Дирекцијата за заштита на личните податоци стои на располагање за одговор во рамките на своите надлежности утврдени со закон.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование