X
 02.04.2015 Технологија

Студенти создадоа пенкало за луѓе со Паркинсонова болест

Луси Јунг, Хван Со Јеон, Тиан-џиа Хсеи и Дени Волкин имаат две заеднички работи: тие се студенти на Лондонскиот кралски колеџ а уметност, на отсекот Иновативен инженерски дизајн и секако, уживаат да им помагаат на другите.

 

penkalo


Всушност, нивниот најнов проект е нешто прилично неверојатно. Тие нивниот проект го именуваа ARC. АRC е терапевтско пенкало специфично дизајнирано за да им помогне на луѓето со Паркинсонова болест да пишуваат полесно. Паркинсоновата болест предизвикува тресење на мускулите, што ги ограничува луѓето кои ја имаат. Едноставните задачи како пишувањето или облекувањето стануваат многу тешки.

Меѓутоа овие студенти сакаа да помогнат, особено Јунг, на која и` беше дијагностициран тумор на мозокот минатото лето.

Таа вели дека отсекогаш имала афинитет кон дизајнирање на предмети што би им помогнале на луѓето, но навистина ја сфати нејзината целна група кога самата била принудена да се соочи со ужасна болест. Нејзиното искуство и` овозможи и неа и на нејзиниот тим да откријат што им е потребно на луѓето со Паркинсонова болест.

„Не можам да ги разберам сите, но мислам дека со моето искуство и соочувањето со здравствени проблеми, ми даде дополнителна длабочина да ги разберам работите. Сега се обидувам да бидам повнимателна кога ги правам моите истражувања“, вели таа.

Затоа тие се одлучија за луѓето кои страдаат од Паркинсоновата болест кај кои се развива болеста наречена микрографија поради која пишувањето е исклучително тешко.

 

1


„Слушнавме разни приказни за тоа колку им е тешко на луѓето со Паркинсонова болест додека работат или додека потпишуваат документи“, вели Јунг.

ARC пенкалото користи различни фреквенции, амплитуди и позиција на вибрации за да го надомести недостатокот на рачна контрола кај пациентите. Тоа им помага да се олабават мускулите и им помага она што ќе го напишат да биде читливо и јасно.

Иако се`уште го тестираат и развиваат проектот, Јунг вели дека се надева дека идејата за пенкалото ќе се прошири и кај другите секојдневни уреди.

Пенкалото било испробано на 14 различни пациенти со што се видело подобрување во пишувањето во 86% од времето.

„Доколку нашата теорија за користење на вибрации работи и кај другите алатки, се надеваме дека ќе може да се примени и кај другите уреди и предмети“, завршува Јунг.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија