X
 06.04.2015 Наука

НАСА ќе се брани со ракета од напад на астероид во 2022 гоина

астероид

 

Астероидот Дидимос широк околу 800 метри со својот сателит во 2022 година ќе дојде многу блиску до Земјата. Вселенските експерти планираат да го пренасочат со што за прв пат ќе ја пореметат динамиката во Сончевиот систем.


Кога астероидот со толкава големина би ја удрил Земјата, би направил кратер широк најмалку два и пол километри и би оставил неверојатна штета врз климата такашто луѓето би морале да преземат нешто.

Европската вселенска агенција поради тоа изгради стратегија за одбрана на Земјата. Тие ќе ја тестираат врз Дидимос широк 800 метри, кој во 2022 година ќе и` се приближи на Земјата. Вселенската агенција ќе ја истражува неговата површина и внатрешност како и неговиот сателит кој е широк 170 метри. Овие податоци ќе им овозможат „напад“ на астероидот и промена на неговата орбита.

Ова би бил прв пат човекот да успее да ја промени динамиката во вселената. Доколку успее, таа ќе може да се одбрани и од поголеми астероиди.

3. Опасност за луѓето - астероидот за 7 години ќе се приближи на 11 милиони километри од Земјата и ќе биде закана за човекот. Поради тоа научниците го започнуваат ова вселенско истражување.

2. Анализа - НАСА ќе се паркира близу Дидимос и неговиот сателит. После тоа ќе започне анализа.

1. Скенирање
- Ќе се користат визуелни, термални и радарски технологии за да се мапира астероидот, и да се истражува неговата површина и внатрешност. Податоците ќе бидат вратени на Земјата.

0. Уништување - Со податоците кои ќе бидат собрани, Европската вселенска агенција и НАСА планираат со брзина од 6 километри во секунда, да пуштат летало, кое после судирот, ќе ја промени орбитата.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука