X
 07.04.2015 Технологија

Батерија која се полни за една минута


Доколку има еден проблем кој е присутен редовно кај корисниците на смартфоните и сличните уреди, тоа е траењето на батеријата. Се чини дека и за ова има решение.

Тим истражувачи на универзитетот „Стенфорд“ создаде прототип за батерија од алиминиум која има повеќе добри страни во споредба со денешните литиумски кои ги користиме. Алуминиумските батерии досега не биле доволно ефективни, но овие создадени од истражувачите се состојат од алуминиумска анода и катода направена од графит, што ја прави суперефективна.

Батеријата може да се полни за само една минута, флексибилна е (односно може да се превитка за да ја собере во повеќе уреди) и не е скапа за производство бидејќи алуминиумот е поевтин од литиумот.

Истражувачите од „Стенфорд“ објавија информативно видео за батеријата која ја создале. Погледнете го во продолжение.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија