X
 08.04.2015 Образование

Утре ќе се одржи третиот Средношколски пленум во Битола

1


Со почеток во 17.30 часот, утре во Битола средношколците ќе го одржат третиот средношколски пленум на тема: „Бојкот или не?“ на кој ќе дискутираат за тоа дали да започнат со бојкот во наставата.

 

Како што велат студентите, револтирани од игнорантскиот однос на надлежните кон нивните барања, утре ќе одлучуваат дали да започнат со бојкот на наставата како нивните соученици во Скопје и во дел од другите градови низ Македонија. Третиот средношколски пленум ќе се одржи во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“, а пленумците ги покануваат сите заинтерсирани да одат и со нив да споделат идеи за понатамошни активности.


Пленумците ги поздравуваат и им даваат апсолутна поддршка на бојкотот на нивните соученици од Скопје кои веќе трет ден ја бојкотираат наставата поради игнорирањето од власта и надлежните.



Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование