X
 11.04.2015 Образование

Бесплатно учење англиски јазик на интернет

„British council“, глобалниот лидер во областа на учење и промовирање на англискиот јазик, овозможува потполно бесплатно учење на јазикот преку интернет на сите заинтересирани од светот.


Learn English“ е интернет-страница направена од страна на најголемите експерти за англиски јазик во Велика Британија. Таа е наменета за сите оние кои сакаат да започнат со учење или да го унапредат своето знаење од овој јазик преку интересни содржини.

На оваа интернет-страница ќе пронајдете текстови, видеа, материјали за слушање, игри и многу повеќе содржини со кои може да го научите или вежбате јазикот. Има вежби и од граматика, правопис и разбирање на говорниот англиски јазик. Со оваа интернет-страница полесно може да стигнете до одреден меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик („FCE“, „CPE“ и други). Постојат опции за подготовка на овие испити.

За оние кои сакаат да ги совладаат јазичните вештини кои се тестираат во текот на барањето работа, како што е усмениот разговор на интервју за работа, постои дел наречен „You're hired“.

„Learn English“ е корисна и интересна и во поглед на учењето на британската култура. Корисниците може да дознаат повеќе за животот во земјата, храната и многу интересни факти за Британците.

Според последните податоци, интернет-страницата секој месец ја посетуваат повеќе од еден милион луѓе ширум светот.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование