X
 11.04.2015 Образование

Каква е иднината на образованието?

idnina

 

Образованието денес е многу поразлично од образованието пред 10 години. Денес децата имаат компјутери, работат со таблети, често пати го пребаруваат интернетот и прават истражувања со кои доаѓаат до одредено знаење, а голем дел од државите им нудат избор на предмети кои нив ги интересираат.


Поголемиот дел од домашните задачи вклучуваат истражување и презентирање на резултатите кои тие ги пронашле во текот на истражувањето. Иако факултетското образование на денешните ученици ќе биде непрепознатливо, можат да се претпостават промените во образованието во наредните 10 до 15 години. Двата главни трендови вклучуваат онлајн учење и професионална обука.

Онлајн учење

Во последниве години, сведоци сме на порастот на масивните отворени онлајн курсеви (MOOCs) кои се еден вид на онлајн училници чијашто цел е неограничено учество и отворен пристап преку интернет. Овие курсеви нудат различни материјали - од видео предавања до читање, квизови и интерактивни форуми за наставници, студенти и асистенти.

„Онлајн курсевите моментално не функционираат најдобро бидејќи голем дел од луѓето ги започнуваат, а потоа не ги завршуваат бидејќи не им се чинат привлечни“, вели Ерика Оринџ, извршен потпретседател на њујоршката бизнис консултантска компанија „The future hunters“. „Следната генерација на онлајн курсевите ќе биде извонредна, ќе ја прошири виртуелната реалност и ќе ги стави студентите во свет во кој тие ќе учат. Наместо да мораат да ги меморираат фактите за Граѓанската војна, студентите во идните онлајн курсеви ќе бидат во можност да бидат на самото бојно поле“, додава таа.

Новите начини за онлајн учење ќе се грижат за поефикасна генерација, односно Генерацијата З - студенти родени после средината на 90-те. „Најстарата Генерација З беа принудени да учат во индустриски модели на училиштата, а тоа гледаме дека предизвикува огромни проблеми. Нивниот мозок е поврзан на поинаков начин и функционира подобро со влез во различни извори“.

Професионална обука

Со самото наближување до средината на векот, доказ за образованието ќе бидат вештините кои студентот ги стекнал отколку самата диплома.

Професионалната обука со децении има лош рејтинг, меѓутоа сега е на раб на преобразба. „Сега се нарекува компетентност врз основа на образованието и се фокусира на усовршување на вештини поврзани со работата, а не со команда на одредена академска дисциплина“, вели Оринџ.

И капиталистите и успешните претприемачи се вклучениво акцијата, обезбедувајќи менторства и пракса како и реализирање на бизнис идеите на младите луѓе. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование