X
 11.04.2015 Живот

Зошто пожолтуваат старите весници и страниците од книгите?

весник

 

Старите весници и магазини често пати добиваат пожолтена, кафеава боја, и со  текот на времето исчезнуваат нивните букви. Токму ова не` тера да се запрашаме зошто нивната боја се претвора во жолта? Дали постои некој начин со кој би се спречил процесот на пожолтување?


Генерално, се смета дека хартијата била создадена пред околу 100 години п.н.е во Кина. Првично се правела од влажен коноп, а се користела кората од дрвјата, бамбусот и други растителни влакна. Хартијата се проширила низ Азија; на почеток се користела за официјални и важни документи, но откако процесот станал поевтин и поефикасен, таа започнала да се користи почесто.

Во Европа најверојатно пристигнала околу 11-от век. Историчарите веруваат дека најстариот документ од хартија од „христијанскиот запад“ е Мисалот на силосите од Шпанија - книга со текстови која се читала за време на мисите. Овој документ бил направен во форма на платно. Книгите и печатењето доаѓаат во наредните 800 години, со печатницата Гутенберг во 15-от век. Дотогаш хартијата се прела од крпи, памук и други растителни валкна. Дури во 19-от век хартијата започнала да се прави од дрвени влакна.

Што се променило? Во 1844 година, две лица го создале процесот на правење хартија од дрво. На едниот крај од Атлантскиот Океан бил канадскиот пронаоѓач Чарлс Фенерети. Додека бил дете неговото семејство поседувал синџир на пилани во Нова Шкотска. Познавањето на издржливоста, евтината цена и достапноста на дрвото, му овозможило да открие дека тоа е одлична замена за скапиот памук користен за хартија. Тој експериментирал со дрвена каша, такашто на 26 октомври 1844 година, тој ја испратил првата хартија од дрвена каша до весникот „Халифакс“.

Во исто време, Германецот Фридрих Готлоб Келер работел на машина за сечење на дрво, кога го открил истото што и Чарлс - дрвената каша е доста поевтина како хартија отколку памукот. Тој создал примерок, и во 1845 година, добил германски патент за него. Всушност, некои историчари сметаат дека Келер го создал пронајдокот.

Во рок од 30 години, овој пронајдок стана доста познат, иако имал доста недостатоци - врз ваквиот вид на хартија повеќе влијае кислородот и светлината.

Дрвото првенствено е создадено од две полимерни супстанции - целулоза и лингин. Целулозата е најзастапена органска материја во природата. Таа исто таа технички е безбојна и ја рефлектира светлината исклучително добро; затоа луѓето целулозата ја гледаат како бела. Сепак, целулозата е донекаде подложна на оксидација, иако не колку што е лингинот. Оксидацијата предизвикува губење на електроните и го ослабува материјалот. Во случај на целулозата, може да резултира во апсорбирање на светлината со што хартијата изгледа помалку бела - но ова не е тоа што го предизвикува пожолтувањето на хартијата.

Лигининот е другата супстанција што се наоѓа во хартијата, а особено во весниците. Ова соединение може да се пронајде во дрвото, што всушност го прави посилно и посилно. „Без лингин, дрвото може да порасни само 1 метро“, вели Д-р Ху Мин Чанг. Во суштина лингинот функционира нешто како лепак за поцврсто врзување на целулозните влакна, помагајќи му на дрвото да биде поцврсто и да биде способно да издржи ветер.

Лигинот има темна боја и е доста подложен на оксидација. Изложеноста на кислородот му ја менува молекуларната структура, што предизвикува промена во начинот на апсорбирање и рефлектирање на светлината, што резултира супстанцијата која ја содржи лингинот да се претвори во жолто-кафеава боја, односно така да ја гледа човекот.

Со оглед на тоа што се користи повеќе лингин во создавањето на весниците, отколку во создавањето на книгите, такашто со самото старење на весниците, тие се изложени на повеќе кислород, и добиваат жолто-кафеава боја релативно побрзо. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот