X
 14.04.2015 Образование

5 најдобри онлајн факултети

Одењето на факултет е целосно поинакво искуство од она што порано беше. Всушност, овие денови кога некој се подготвува да замине на факултет, постои добра шанса дека воопшто нема да замине.


Сонот за виртуелен кампус е оној кој конечно е целосно остварен, и модерните студенти сега имаат можност да се здобијат со дипломи онлајн, во многу случаи без воопшто да стапнат во предавална или амфитеатар. Преку видеа, пораки и онлајн домашни задачи и форуми, студентите можат да работат со свое темпо за да се здобијат со диплома, додека се сепак во можност да работат и да исполнат други обврски дома. Па, доколку сево ова ви звучи како добра идеа, следуваат 5 од најдобрите онлајн колеџи за 2014.

1. Walden University

Во 1995, Универзитетот Валден за прв пат и понуди на нацијата прв целосно онлајн мастер програм во образованието. Од тогаш, овој универзитет стана целосно онлајн школо, без никаква физичка локација. Во него студираат речиси 50,000 студенти од целиот свет, од кои повеќето се вработени со полно работно време. Флексибилните програми на овој универзитет им овозможуваат на студентите да се здобијат со образование без притоа да ги нарушат другите аспети од нивниот живот. Во поглед на школарината, Валден се смета за ниско до средно рангиран универзитет, и нуди многу различни финансиски поволности и стипендии. Тука се достапни додипломски, последипломски па дури и докторски дипломи.

2. Independence University

Порано познат како Калифорнискиот колеџ за здравствени науки, Independence University е непрофитен центар за учење од далечина, кој нуди дипломи во полињата како графички дизајн, бизнис администрација, информациски системи и бројни програми поврзани со здравјето. Ова школо било основано со цел да излезе во пресрет на образовните потреби на вработените возрасни луѓе и нуди сертифицирани програми дизајнирани да им помогнат на оние кои имаат и други обврски во текот на денот.

3. Everest University Online

Нудејќи програми од различни области, Универзитетот Еверест е добро познат по своите високо рангирани предавачи и забележителната акредитација. Еверест нуди курсеви кои се движат со темпото на секој студент индивидуално, и овозможува еден-на-еден интеракција меѓу студентите и инструкторите. Еверест нуди дипломи за внатрешна безбедност, бизнис, асистенти во правната област и многу други. Има услуги од типот на посредување во пронаоѓање на посакуваната кариера-работно место, со која им помагаат на студентите, успешно да ја поминат транзицијата од студент во вработен, кога ќе дипломираат.

4. Strayer University Online

Универзитетот Стрејер има преку 100 кампуси лоцирани во 24 различни држави. Сепак, повеќе од половината студенти запишани на овој универзитет ги изучуваат своите предмети онлајн. Забрзаните програми на овој универзитет им дозволуваат на студентите да го поминат факултетот брзо, едноставно, и подготвени да влезат на пазарот за работна сила. Стрејер исто така им помага на студентите низ процесот на дипломирање, со тоа што им доделува кредити за прифатливи работни или животни искуства.

5. Liberty University Online

Моментално најголемиот приватен, непрофитен универзитет во САД, универзитетот Либерти ја има највисоката стапка на дипломирање од сите водечки онлајн универзитети. Либерти нуди повеќе од 150 онлајн дипломи, од вонредно до докторско ниво. Исто така, нуди и посебни воени бенифиции како и други опции за финансиска помош и има екстензивен систем за поддршка и мрежа на предавачи дизајнирани да им помогнат на студентите со било каков проблем со кој може да се соочат.

Култус

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование