X
 14.04.2015 Образование

Битолските средношколци се приклучуваат на бојкотот на наставата

Од денес битолските средношколци започнуваат со 4 часовен бојкот на наставата во средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола,  а им се приклучија  и ученици  од другите училишта.  

 

1


Од средношколскиот пленум велат дека се одлучиле на ваков чекор поради лошите реформи во образованието и затоа што институциите се глуви за нивните барања.

Средношколците ги бојкотираа последните два часа од првата смена и првите два часа од втората смена. Тие велат дека доколку добијат поддршка од останатите средношколци, ќе продолжат  со помасовен, целодневнен бојкот на наставата.

 

2


„Нашите барања беа јасни и децидни, да се укини овој модел на матура, да се врати стариот модел и да се укини екстернотот тестирање. Институциите беа глуви кога ние марширавме и токму затоа ние се одлучивме на поинаков начин да го изразиме нашиот револт, со бојкот на наставата. Не бегаме од училиште, тука сме во училиштето, но нема да одиме на настава. Исто така ќе организираме и други активности пред техничкото училиште, изјави ученикот Димитар Кендров.

Директорот на среднотот техничко училиште ги повика учениците да се вратат на настава.

 

3


„Санкциите се познати, ќе добијат неоправдани изостаноци. Секое отсуство кај нас се евидентира, а зависно од тоа дали ќе бидат оправдано или неоправдано отсутни ќе добијат и педагошки мерки“, изјави Драган Стојановиќ, директор на среднотот техничко училиште во Битола.

Средношколците велат се подготвени да ја бојкотираат наставата се` додека не се исполнат нивните барања и се` додека не се врати стариот модел на матура, укинување на екстерното тестирање и секако, средба со министерот за образование.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование