X
 16.04.2015 Здравје

Кои се ефектите од пилулите против бременост?

Дали пилулите за спречување бременост го менуваат телото на жената? Кои се негативните ефекти?


Ефектите од ПМС се многу повеќе од промена на расположението. Предменструалниот синдром може да предизвика огромни промени во расположението што може да влијае на работата и личните врски. Многу лекари препорачуваат пилули за спречување бременост во овие денови. Но, многу жени ги имаат истите симптоми од пиењето на овие пилули. Како е можно ова?

Пилулите може да влијаат на одредени работи. На пример, тие влијаат на жената и нејзиниот однос со партнерот, односно атрактивноста на партнерот во нејзините очи. Ново истражување открива дека контролата на бременоста на чуден начин го менува мозокот на жената, најмногу во однесувањето, но и помнењето и учењето.

Сепак, друго истражување открива дека пилулите влијаат различно на два видови жени. Кај некои тие влијаат позитивно, со тоа што им помагаат да се чувствуваат емотивно стабилни, додека други забележуваат депресија, анксиозност, умор и бес кога ги користат.

Повеќе за темата во следното видео.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје