X
 16.04.2015 Технологија

Внимавајте што пребарувате на "Google"

Пребарувачот создава циклус на повратни информации кој влијае на начинот на кој луѓето го гледаат светот, открива ново истражување.


„Гугл“ е модерен пророк, и тоа навистина добар. Со него може да најдете текст од песна која сте ја слушнале во филм или сателитска слика од населбата каде сте го поминале детството или туторијал за градење квантен компјутер. Но, колку и да е распространет, „Гугл“ е уште повеќе ограничен.

На пример, побарајте слики со зборот „CEO“ и ќе ви излезат фотографии од бели, машки лица.


Ова има смисла - само 20-на компании кои се помеѓу најдобрите 500 според „Форбс“ имаат жени на врвот. 10-те најплатени извршни директори во САД се бели и мажи. Но, има едно женско лице помеѓу сите овие мажи на фотографиите.


Можете да го видите? Да погледнеме поблизу.


Така е, тоа е Барби.


Проблемот е во тоа што пребарувањата на „Гугл“ ја отсликуваат состојбата во корпоративниот свет и тие влијаат на начинот на кој луѓето размислуваат. Тоа е докажано и од истражувачи од Универзитетот во Вашингтон и Универзитетот во Мериленд, кои велат дека фотографиите на „Гугл“ значајно го менуваат мислењето на корисникот за бројот на мажи и жени во одрдена област, во споредба со мислењето на лицето пред пребарувањето.

„Манупилацијата преку пребарувањето може да ги промени проценките за просечно 7%“, велат истражувачите.

Истражувачите сакале да видат и дали визуелната претстава на жените од пребарувачот во дадена индустрија одговара со вистинските броеви на вработеност. Во многу случаи, тие не одговарале. Жените извршни директори речиси не се претставувани во резултатите на „Гугл“. Во резултатите кои ги гледавме претходно 11% од луѓето на фотографиите се жени, додека 27% од извршните директори во САД се жени. Кога станува збор за авторите, само 25% од луѓето на фотографиите се жени, а процентот на жени-автори во САД изнесува 56.

Биле забележани и случаи кадешто жените биле повеќе претставувани на фотографиите, но кога имало сексуална конотација. Погледнете кои се резултатите кога пребарувате „градежен работник“.


Сега погледнете ги резултатите за „градежна работничка“.


Сепак, алгоритмите на „Гугл“ не се совршени и бараат промени, без разлика дали несовршеностите се предизвикани намерно или ненамерно.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија