X
 16.04.2015 Живот

Временска прогноза за денес и какво време не' очекува овој викенд



Во Македонија во четврток ќе биде сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните и крајните источни предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури од 1 до 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 15 односно до 25 степени.

Во Скопје во четврток ќе биде сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 22 степени.

Сончево и топло со високи дневни температури кои ќе се движат од 17 до 27 степени ќе биде во петок.

Во сабота претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во северна, североисточна и источна Македонија.

Врнежите од дожд во останатите предели ќе се прошират во текот на ноќта, а ќе постојат услови врнежи да имаме и во недела во раните утрински часови.

Во недела умерено облачно со сончеви периоди и пад на дневните температури. Минимални температури од 2 до 11 степени, а максималните од 7 до 17 степени.

Во понеделник претежно сончево со локална облачност

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот