X
 17.04.2015 Технологија

Кои се најплатените професии во компанијата Фејсбук?

Фејсбук е сигурно една од најмоќните комапнии во светот, чија вредност е проценета на повеќе од стотина милијарди долари, такашто можат да си дозволат некои луѓе да ги платат „долар повеќе“.

 

професии


Истовремено Фејсбук претставува една од најсложените веб страни на планетата, вработувајќи еден куп дизајнери, инженери, менаџер и друг персонал кои прават се` да изгледа соврштено.

Во компанија како Фејсбук, доста е важно луѓето да се наоѓаат на вистинското место. Веб страната „Glassdoor“ состави листа на 5-те најплатени позиции во моќниот Фејсбук.

5. Менаџер на производство

Плата: 146.490 долари

Тие „склопуваат“ скоро се. Тие ги „пакуваат“ производите кои ги направиле повеќе тимови, тие се задолжени производот да биде испорачан на време. Со оглед на брзината со која Фејсбук ги носи производите, ова се луѓе кои се најкритични во целиот состав.

4. Менаџер на техничките програми

Плата:
149.581 долари

Личноста која е на оваа позиција е одговорна за водење на клучните тимови за различни производи.

3. Софтверски инженер

Плата:
155.071 долари

За да ја реализирате оваа позиција, мора да имате барем 8 до 10 години искуство.

2. Сениор софтверски инженер

Плата: 159.545 долари

Овие инженери спаѓаат меѓу најискусните во целата компанија, па не е чудно што Фејсбук толку ги плаќа.

1. Менаџер на машинство

Плата: 164.999 долари

Овие менаџери се задолжени за градење и менаџирање на тимови инженери за специфични производи - како на пример анализа на податоци за платформи.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија