X
 17.04.2015 Економија

Колку чини диплома во Србија?

Во Индија, оние неколку проценти кои не се корумпирани се сметаат за асоцијални личности. Ситуацијата е малку подобра на Балканот, но сепак е лоша. Балканските медиуми деновиве на големо пишуваат за корупцијата во Србија.


„Сите услужни институции во Србија се подложни на корупција. Кај нас митото претставува механизам со кој службениците од јавниот сектор, неподготвени за синдикално организирање, наплаќаат сè што им должи државата. Овде корупцијата е платен додаток. Никој не направил анализа колку новото стегање на ременот ќе ја зголеми корупцијата“, вели социологот Зоран Гавриловиќ од Бирото за општествени истражувања.  

Стравот е најголем во здравството. Ценовникот таму зависи од итноста на случајот. Кога се работи за породувањето, митото се одредува според начинот на кој жената ќе биде згрижена кај гинекологот.

„Незаконски јавни набавки, закони кои ги дозволуваат, наместени и претерани инвестиции. Поради тоа пациентите им плаќаат на лекарите“, вели Драшко Караџиновиќ, основач на невладината организација „Лекари против корупција“.

Корупцијата е присутна и во полицијата, правосудството и образованието. На факултетите се користи мито за положување испити, а митото се дава на деканот или професорот.

За еден испит се плаќа од 600 до 1100 евра. За диплома се издвојува од 3.000 до 10.000 евра. Магистерските и докторските трудови чинат 3.000 евра, а работното место во образованието чини 3.000-7.000 евра.

Митото е присутно и во средните училишта. Учениците, односно нивните родители, плаќаат за преодна оцена на наставникот, а истата се плаќа од 250 до 300 евра.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија