X
 22.04.2015 Економија

Кои работи треба да ги знаете за економијата?

Економскиот советник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Оливие Бланшард тврди дека макро-економијата во моментот е под влијание на два главни фактори и две доминантни сили.

 

ммф


Како автор на воведот на новото издание на извештајот на ММФ „World Economic Outlook“, посебно предупредува на две сили кои ќе имаат среднорочно влијание врз макро-економската слика на светот. Според него, тие се наследството од кризата и падот на потенцијалната продуктивност. Фактори кои најмногу влијаат врз намалувањето на цените на нафтата и движењето на девизниот курс на валутите.

ММФ не ја промени прогнозата за глобалниот економски раст во однос на извештајот од јануари. Се очекува дека растот ќе биде за 3.5% повисок во 2015 година и дека се` посилно ќе забрзува, за 3.8%, наместо 3.7% како што беше предвидено во јануари. Еве што Бланшард во име на ММФ издвојува што е најважно.

Кризите оставија неизбришлива трага

Бланшард зборува за глобална финансиска криза која ја предизвика Големата рецесија и кризата во еврозоната. Оваа криза остави неизбришлив белег во глобалната економија. Земјите од целиот свет преземаат радикални мерски за да ја спречат катастрофата што ја предизвика големата депресија во 30-те години на минатиот век. Америка три пати се обиде да ја разбуди економијата со квантитативно попуштање. Еврозоната се обидува да се извлече, решавајќи ги проблемите на Грција, Шпанија, Португалија и Ирска.

Потенцијалното производство насекаде паѓа

Потенцијалниот раст на производството, како максимална продуктивност на економијата во нејзината ефикасна состајба, значи дека стапка на раст на БДП со стабилна стапка на инфлација. Во развиените економии, потенцијалниот раст започна да опаѓа дури и пред финансиската криза. Главната причина за тоа, според ММФ е падот на продуктивноста и стареењето на населението. Новите економии во развој се посилни во намалување на потенцијалниот раст за време на рецесија и после рецесијата, поради понискиот прилив на капитал, стареење на населението и ниска продуктивност.

Падот на цените на нафтата за ММФ е изненадувачки

Бланшар вели дека падот на цените на нафтата беше изненадување. Главната причина за овој пад беше историската одлука на OPEC да не го намалува производството за да ја одржува цената. United States Oil Fund ја изгуби половина вредност во однос на претходната година, а индексот на вредноста на услугите во нафтената индустрија падна за 25%.

 

Уништена цела гранка на нафтената индустрија


Поради забавување на економскиот раст на неколку важни пазари, падна побарувачката - со тоа што не била придружена со промена во понудата, цените се намалија. Тоа силно ги погоди компаниите кои инвестираат во нафтата и нитуедна од нив не ја врати вредноста на акциите на исто ниво како август 2014 година.

Нафтените земји се соочени со буџетски кризи, додека потрошувачката на увозниците расте

Цените се`уште се движат околу 50 долари по барел и реалниот приход се пресели од земјите извознички кон увозниците на нафта. Во земјите кои се најголеми производители на нафта, потрошувачката падна.

Саудиска Арабија ќе мора да ја подигне цената на енергијата на домашниот пазар а Бахреин, кадешто ситуацијата е најтешка, размислува за барање помош од своите сојузници во регионот. Од друга страна, во земјите кои увезуваат многу нафта, посебно САД, потрошувачката се зголемува. Ситуацијата станува неизвесна, вели Бланшар.

Необично широко и бавно движење на курсевите

Според ММФ, опсегот на движење на девизниот курс е „невообичаено широк“. Доларот значително расте во однос на релевантните валути, вклучувајќи го еврото и јапонскиот јен. Растот е посебно впечатлив од јули 2014 година, а индексот на раст скокна од 70 на 90 бодови. Индексот на релативна вредност на доларот во однос на шесте најсилни светски валути, еврото, јенот, фунтата, канадскиот долар, шведските круни и швајцарскиот франк, скокна за 23%.

Преголема разлика во однос на моментарната политика на земјите

Валутите се движат во парови. Брзиот раст на доларот ги ослабува еврото и ејнот. Индексот на движење на девизниот курс на еврото падна за 24% во една година. Една од главните причини според ММФ е различната монетарна политика на земјите членки. И додека Америка се подготвува за затегнување на монетарната политика, еврозоната и Јапонија се само на почеток на попуштање.

Зошто ММФ ги намали прогнозите за раст на Америка

Со оглед на состојбата на економијата, намалувањето на вредноста на еврото и јенот е добро, додека на Американците би имале дополнителни проблеми со извозот со кој нивните најголеми компании веќе имаат, поради силниот долар, но послабиот раст на извозот ќе влијае врз американското производство. Токму поради ова е причината зошто ММФ ги намали прогнозите за американскиот економски раст. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија