X
 23.04.2015 Колумни

Пораз на Ромскиот интелект

Интелектуалец – Човек, чиј дух се самопосматрува (Albert Camus 1913-1960).

Тоа што вие денес го посматрувате е жално, наведнато, приземнато, потчинето, скршено, навредено... Со дипломата во раце сонот место јаве станал кошмар, самите вие ја увидовте својата немоќ за својата сатисфакција во општеството, а и не се прашувате зошто бидејќи знаете дека е тоа поради вашите политички неедуцирани и неуки лидери кои се издигнати врз вас и ви диктираат како да агирате па дури и како да размислувате.

Вашите политички лидери со своето однесување кој е спротивен на здравиот разум, целосно гордо се партиципанти на неконструктивните, непрагматичните и дискриминирачките политики на актуелната власт, и тоа замислите во времето на декадата на Ромите и националната стратегија за Ромите, која инаку очигледно постои само за промоција на владата во полето на човековите права кон надвор, и владини функционери кои своите политички активности ги засноваат врз предрасудите, недоличното и неморалното однесување и непочитувањето на вредностите на ОН и на ЕУ. Ќе се најде некој што сега сакастично ќе каже дека има доста направено за Ромите, како Ромите да паднале од Марс и како да не се рамноправни граѓани  со нив, во временскиот континуитет не дека немало минимален развој туку имало и назадување, во споредба што требало и што е досега направено и остварувано резултатот е понижувачки и поразувачки.

Ако се земе во предвид фактичката состојба на социјално-економските разлики на Ромите со другите граѓани во Р. Македонија, се гледа дека еднаквиот пристап за Ромите веќе станало утопија. Очигледно е и дека Ромите од рамковниот договор се екстрахирани и не се почитуваат и не се следат сите препораки од Европската унија во врска со инклузијата на Ромите. Маргинилизираната и запоставената состојба на Ромите ја посакуваат и сеуште ја одржуваат токму тие кои доприносеа за истата со голема поддршка од вашите лицемерни лидери. Затоа вие како интелектуалци, кои од вас се очекува да бидете дел од моторот во државата, заедно со сите ваши колеги од сите етнички заедници да обезбедите светла иднина за идните генерации и да бидете чувари на вистинската демократија која сеуште не сме ја виделе во нашата мила Македонија. Форматирајте и ресетирајте ја својата ориентација кон целта која ја имавте пред или кога почнавте да студирате, кога имавте амбиции и чувство дека можете се да   променете. Советувајте се, користете ја стекнатата стручност, промовирајте ги демократските вредности и еднаквоста. Превземете одговорност за креирање на политики и стратегии кои ќе бидат од корист на сите граѓани, организирајте јавни дебати, пишувајте ставови и колумни, подигнете ја совеста и разбудете ги заспаните. Бидете храбри првземете ги челните партиски функции во ваши раце и не заборавајте вие сте птица која треба и мора слободно да лета - ДА, МОЖЕТЕ СЕ ДА ПРОМЕНЕТЕ!

М-р Агуш Демировски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Колумни