X
 24.04.2015 Култура

Хонорарците со протестен марш против новиот пакет закони

Хонорарците маршираа во знак на протест против пакетот закони кои беа донесени годинава. Имено, според новите закони, луѓето кои работат хонорарно треба да плаќаат 35% данок на државата, што според граѓаните е апсурдно.


Хонорарците покажаа дека „Не живеат, преживуваат“ и извикаа големо „Не за неуставните закони за хонорарците“ за време на маршот до Уставниот суд.

- Денеска сме тука пред се да ги охрабриме судиите и да им кажеме дека не не интересира по која линија се поставени. Денеска сме тука да им кажеме дека правдата е на наша страна - изјави активистката Јасмина Голубовска.

Актери, музичари, преведувачи, лектори, новинари и многу други кои заработуваат со хонорарна работа јасно покажаа дека нема да застанат овде доколку не добијат позитивен одговор.

Инаку, според последните измени, придонеси се плаќаат во случај истите да се поголеми од износот на просечната нето плата во земјава. Од друга страна, невработените се задолжени за плаќање придонеси во износ над минималната плата во земјата.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура