X
 24.04.2015 Технологија

Најдобрите места за барање работа во ИТ-индустријата

Информатичката/технолошката индустрија е една од најбрзо растечките секаде. Се проценува дека во следните неколку години овој пораст ќе биде уште побрз. Освен тоа, тука се и едни од најдобро платените работи. Доколку барате работа за меѓународна компанија некаде надвор од земјава или овде проверувајте ги следниве огласници.


„Dice.com“

Моментално на платформата има повеќе од 84.000 огласи за вработување. Оваа платформа е посветена само на кариери во програмирање, информатички технологии и слично. Овде се објавуваат огласи од компании како „Амазон“ и „Циско“, па сигурно е дека овде ќе најдете добри работни места.


„Icrunchdata“

Платформата постои од 2003 година, а е наменета за луѓето кои се во потрага по работа во податоците и анализата за некои од најголемите брендови во светот. На платформата има повеќе од 346.000 огласи, меѓу кои се наоѓаат такви од областа на технологијата.


„Tech Careers“

Ова е задолжително место за луѓето кои бараат работа во областа на технологијата. Може да разгледувате повеќе од 190.000 огласи за технолошки професии, а ќе видите и многу познати имиња како „Кока Кола“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија