X
 25.04.2015 Наука

Што се' е испратено во вселената?

„Испратете ја мојата љубов до вонземјаните. Се` најдобро, Пол“ - ова беше пораката од Пол МекКартни кога во 2008 година НАСА ја испрати во вселената песната на Битлсите „Across the Universe“.

 

vselena


Песната патуваше низ вселената со брзина од 300.000 километри во секунда за да ја достигне Северната Ѕвезда, Поларис, која е на 431 светлосни годиниод Земјата.

Желбата да се истражува вселената е посилна од било кога, а мисијата наречена „Lunar Mission One“ која има за цел да собере донации за финансирање на слетување на Месечината во 2024 година, ја покажува оваа желба.

Вселената е веќе преполна со културни артефакти од вселенските мисии во текот на изминатите шест децении.

Подолу ви нудиме листа што се` сме испратиле во вселената.

1. Песната „Across the universe“ од Битлсите.

2. Мини лего фигури од Галилео и римските божества Јупитер и Јунона.

3. Тонски звук од бакнеж на мајка и дете.

4. Мечот на Лук Скајвокер.

5. Фотографија во боја од градот Оксфорд.

6. „Melancholy blues“ во изведба на Луи Армстронг и Hot Seven.

 

 8


7. Црно-бел дијаграм од пиловите органи на човекот.

8. Знамињата за старт на Nascar.

9. „Concerto No2“ на Бах во изведба на Карл Рихтер

10. Песните „Australia morning star“ и „Devil Bird“ од „Aboriginal“.

11. Тонски звук од овчар како ги води овците.

12. „Johnny B Goode“ од Чак Бери.

13. „Dark was the night, Cold was the ground“ од блуз музичарот Блајнд Вили Џонсон.

14. Играчката Баз Лајтер. Фигурата замина во вселената во 2008 година со Discovery мисијата.

 

7


15. Тонски звук од паѓање на дожд.

16. Фотографија во боја од снегулки над Секвоја.

17. Фотографија во боја на дрво со нарциси.

18. Кал од стадионот Јенки (земена од астронаутот Гарет Рејсман кој е фан на Јенки).

19. Парче од рудиментираниот авион на браќата Рајт.

20. Двата пајаци Гладис и Есмералда, кои беа сместени во Меѓународната вселенска станица во 2011 година.

21. Многу мртви мајмуни, кои повеќето се викаа Алберт.

22. Цртеж со пенис на Енди Ворхол, вклучувајќи и една мала керамичка плочка.

23. Цртежот со Мики Маус нацртан од Клаус Олденберг.

24. Паднатиот астронаут, мала фигура од белгискиот ументик Пол Ван Хоједонк.

25. Интерактивна видео изведба наречена „Artsat“ од австрискиот уметник РИчард Криеш.

26. Мали делови од коски и лушпа од јајце од диносаурусот Maiasaura peeblesorum, испратени во 1985 година .

27. Саксофон.

28. Холограми и коцки направени од водени примероци од најголемите реки во светот.

29. Космичкиот танчер на Артур Вудс, алуминиумска скулптура нацртана со акрил.

 

7


30. Акварел од Елизбает Керол Смит наречен „When dreams are born“.

31. „Primsa“, скулптура од уметникот Пјер Конт која се состои од 14 мали обоени сфери секоја со дијаметар од 2.5 сантиметри.

32. Два уметнички отпечатоци од германскиот уметник Мајкл Бом.

33. Парче музика компонирана од Блур.

34. ДВД наречено „Monochrome“ од австралискиот уметник Стивен Литл.

35. Дел од остатоците на вселенскиот физичар Жерар К О'Нил.

36. Тонски звук од прелетување на F-111.

37. Дел од остатоците на ракетниот научник Крафт Ерике.

38. Римејкот на „The day the Earth stood still“.

39. 25.800 текстуални пораки од Австралијанците, проект наречен „Здраво од земјата“ од 2009 година.

40. 100.000 Креглист реклами.

41. Сендвич со говедско месо од „Cocoa Beach“ кој се распаднал во ниската гравитација.

42. Сперма од морски ежови.

43. Ударни инструменти снимени од Чарлс Дувел.

44. Тонски звук од сирена на брод.

45. Фудбалска топка.

46. Два сетови на моменти во чест на Џејмстаун, првата постојана англиска населба во Америка.

47. Огромен 3D печатар.

48. Тонски звук од работата на ковач.

49. Печатена порака, напишана во 1977 година од претседателот Џими Картер.

50. Четири лименки Пепси.

51. Четири лименки Кока Кола.

52. „Pizza Hut“ плати околу 750.000 фунти во 2000 година за да стане првата компанија која ќе доставува пица во вселената.

53. Тонски звук од автобус.

54. „Gavotte en rondeau“ од „Partita No.3“.

55. „Men's house“ од Роберт МекЛенан.

56. Тонски звук од удар на океански бранови.

57. Етикета од Џејмстаун, пронајдена од археолози додека ја истражувале колонијата.

58. Пепел од Џејмс Дохан, кој го играл Скоти во оригиналната телевизиска серија.

 

5


59. „Up in the air“, песна од бендот на актерот Џаред Лето.

60. Тонски звук од трикот на сноубординг наречен „Tame dog“.

61. Тонски звук од „El Cascabel“, маријачи интерпретација од Антонио Масиел и Лас Агуилилас.

62. Едночасовен тонски звук од мозочните бранови на Ан Друјан.

63. Тонски звук од јапонскиот свирач на флејта Горо Јамагучи.

64. Астронаутот Алан Шепард фрли голфско топче на Месечината за време на Аполо 14 мисијата. Тој го фрли на 189 метри во нулта гравитација.

65. Цел сет на саксии со кал.

66. Тонски звук од Морзеовата азбука.

67. Тркало за сирење во чест на Монти Пајтон и нивниот скеч со сирењето.

68. Филмски постер од филмот „Top Secret“ од 1984 година со Вал Килмер.

69. Рендген снимка од рака.

 

3


70. Копија од „Ruhnama“ (Книгата на душата) напишана од Сапармурат Нијазов, претседател на Туркменистан од 1990 до 2006 година.

71. Тонски звук од смеење.

72. Дијаграм во боја од ДНК структура.

73. Фотографија од Оперската куќа во Сиднеј.

74. Тонски звук од трактор.

75. Сендвиче со помфрит.

76. Реклама за „Doritos“ беше испратена 42 светлосни годни од Земјата до ѕвездениот систем наречен „47 Ursae Majoris“, кој е дел од Големата Мечка.

77. Череп од диносаурусот „Coelophysis“.

78. Тонски звук од отчукувањата на срцето.

79. Тонски звук од кочија со коњ.

80. Поздрав на корејски од Сун Хи Шин, велејќи „Ве молам бидете добро“.

81. „Водни мечки“, микроскопски суштества со осум нозе кои можат да преживеат на екстремни температури.

82. Примерок од салмонела. Бактеријата стана уште повеќе вирулентна во вселената.

83. Тонски звук од хиена.

84. Часовник и шал од познатата Амелија Ерхарт.

 

2


85. Тонски запис од воз на пареа.

86. Јагнешко месо испратено од авторот Никеш Шукла со цел да ја промовира својата книга „Meatscape“.

87. Семејна фотографија на Чарлс Дјук, оставена на земјата на месечината. Тој беше пилотот за време на мисијата Аполо 16.

88. Хела клетки, именувани по Хенриета Лакс, пациентка заболена од рак во 50-те.

89. Копија од „Playboy“ магазинот.

90. Причесно вино и причесно лепче.

91. TP-82 пиштол земен од советските космонаути во 1965 година.

92. „Music of the Spheres“, во изведба на Лори Шпигел

93. Тонски звук од грмотевица.

94. Тонски звук од некој како со пила сечи дрво.

95. Традиционалните свирчиња на Перу.

 

1


96. Симфонијата број 5 на Бетовен во изведба на Филхармонискиот оркестар.

97. Тонски звук од штурци.

98. Тонски звук од „Saturn V Lift-off“

99. Пепелта на Џин Роденбери, човекот кој го создаде „Star Trek“, чиишто остатоци беа расфрлани во вселената во 1997 година.

100. Честитка од Фред Дубе, кој на вонземјаните им порачува: „Ве поздравувам, големи. Ви посакувам долговечност“.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука