X
 29.04.2015 Образование

Средношколците продолжуваат со кампување додека не ги добијат сите барања


По повеќе од две недели бојкотирање на наставата во средните училишта во Скопје, Куманово, Тетово, Охрид, Струмица и Битола; две одржани средби со Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми и неговиот заменик, Спиро Ристовски; дводневно кампување пред МОН и три средношколски марширања, средношколците ја продолжуваат својата борба за исполнување на барањата за кои беа јасни уште пред сите овие случувања.

Односот од страна на властите се менува и покрај игнорирањето на почетокот. Средношколците не отстапуваат од своите барања - враќање на стариот концепт на државна матура и повлекување на екстерното тестирање.

Имено, министерот ќе го постави на владина седница предлогот за враќање на стариот концепт на државна матура. Останува уште проблемот со екстерното тестирање, за кое министерот не го менува ставот.

Во меѓувреме, сè повеќе средношколци им се придружуваат на своите соученици во камповите пред МОН, а поддршката е тука и од страна на родителите и професорите, како и останатите граѓани.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование