X
 29.04.2015 Образование

Запознајте го професорот кој на испит го падна цел клас

Сите сме имале наставник/професор кој напразно ни се заканил дека ќе го падне целиот клас и оваа закана често пати ја користел како алатка за контрола на однесувањето на студентите, меѓутоа сите сме биле свесни дека ваква драстична акција никогаш не би можел да направи.

 

paganje


Меѓутоа, Ирвин Хорвиц, професор од Универзитетот А&М во Галвстон, Тексас всушност ја реализирал неговата закана.

Дали професорот е херој затоа што им одржал лекција на студентите за одговорност и зрелост или станува збор за уште еден луд професор? Ве оставаме вие да пресудите. Ова е неговиот меил што го испратил до неговите студенти.

„Откако почнав со предавање на мојот предмет, постојано фаќав и гледав како препишувате на тест, постојано ми велевте „олади“, „излези од мојот простор“, „врати се и предавај“, постојано ме нарекувавте „идиот“ в лице, еден студент се потпишуваше за друг, студенти не се појавуваа на мојот час, а тврдеа дека се појавуваат, слушав многу навредливи и невистинити гласини за себе и другите, и се најдов во тепачка меѓу двајца студенти... Никој од вас, според мене, со оглед на однесувањето на овој клас, не заслужува да положи или да дипломира затоа што на никаков начин не покажавте дека универзитетот има одлични студенти. Тоа е причината поради која јас официјално ќе си заминам од предавањето на мојот предмет на вашиот клас. Искрено сум згаден од вашиот недостиг на чест и зрелост да живеете според стандардите на овој факултет ниту пак ја имате компетенцијата да ја извршите задачата квалитетно - нешто што е неопходно за да го положите испитот. Повеќе нема да ви предавам, а сите вие немате преодна оценка“.

 

Кое е вашето мислење? Дали ја оправдувате постапката на професорот?

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование