X
 30.04.2015 Образование

МОН со конечен став: Матурскиот испит да се полага согласно стариот концепт... Екстерното оценување ќе продолжи

Уште една средба на претставници на Средношколскиот пленум и на Министерството за образование и наука четврта по ред заврши без договор. Од средношколскиот пленум најавија дека бојкотот продолжува се додека не ги исполнат барањата во целост.

Владата и Министерствтото за образование донесоа свој конечен став во однос на начинот на кој што ќе се полага матурскиот испит оваа година. Имено, по разговорите со разни засегнати страни, со ученици, родители, наставници и експерти, одлучивме оваа година матурскиот испи да се полага согласно стариот концепт, односно математиката да не биде задолжителна и да не постои електронското тестирање. Екстерното оценување ќе продолжи согласно постоечкиот концепт, но ќе има унапредување во идните години. Ги повикуваме учениците од понеделник да се вратат на училиште, изјави заменик премиерот Пешевски.





Видео: A1on

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование