X
 30.04.2015 Живот

Временска прогноза за наредните пет дена... Од понеделник температури над 30 степени



Претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и потопло. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели ќе има развој на нестабилна облачност која што ќе услови врнежи од дожд, а во останатите предели ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер.

Утринските температури од 3 до 12 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 13 односно до 23 степени.

СКОПЈЕ

Во Скопје во четврток ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна до 20 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА

Во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Минималните температури од 5 до 14 степени, а максималните ќе достигнат до 17 односно до 27 степени.

Во сабота ќе биде претежно облачно со услови за повремени и кратки сончеви периоди. Утринската температура од 7 до 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 14 односно до 24 степени.

Во недела ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло. Минималните температури од 9 до 18 степени, а максималните ќе се движат од 16 до 26 степени.

Во понеделник претежно сончево и топло, и најверојатно ќе ја имаме највисоката дневна температура измерена во оваа 2015 година. Дневните температури ќе се движат од 20 до 30 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот