X
 01.05.2015 Наука

Плутон повторно го привлекува вниманието на јавноста

Џуџестата планета Плутон повторно го привлекува вниманието на јавноста. Иако одамна беше отфрлена од групата планети во Сончевиот систем, таа има многу интересни работи кои сака да ни ги покаже.


Вселенските мисии на НАСА вклучуваат и такви кои одат кон Плутон уште од 2006-та година. Едно вселенско летало било во фаза на хибернација поголемиот дел од својот пат за да заштеди енергија. Леталото одеднаш „се разбуди“ во декември, и започна да прави фотографии од Плутон и неговата најголема месечина.

Неделава, НАСА објави слики направени од ова вселенско летало. Фотографиите биле направени помеѓу 12 и 18 април и биле споени во кратки „филмови“, давајќи ни поглед кон Плутон и неговата месечина речиси во реално време.

Месечината не кружи околу Плутон. Двете тела кружат околу една точка маса еднаш на секои 6,4 денови на Земјата. На филмовите гледаме едно комплетно вртење околу центарот на масата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука