X
 04.05.2015 Образование

Како да научите странски јазик брзо и совршено?

Учењето втор, па дури и трет јазик не е избор, тоа е задолжителна вештина за успех во 21-от век. Милан Грита е блогер од Словачка кој ги споделува своите техники за учење странски јазик. Тој вели:


1. Земете две книги - лексикон и обичен двојазичен речник. Може да преземете и апликација за речник. Овие две книги нека ви станат најдобри пријатели. Обидете се да го користите лексиконот за сите нови термини, а речникот користете го доколку не го разбирате објаснувањето во лексиконот.

2. Доколку мислите дека телевизијата е лоша за вас, ова е исклучокот. Доколку не го разбирате локалниот дијалект, слушајте телевизиски програми на јазикот со превод. Ова ќе ви помогне и во зборувањето подоцна.

3. Изолирајте се од своите сограѓани или со нив зборувајте на странскиот јазик. Ова звучи строго, но доколку живеете во друга земја, зборувањето на мајчиниот јазик нема да ви помогне да го научите странскиот. Целта е да го користите новиот јазик постојано.

4. Пет дневно. Со себе носете лист и пенкало. Ова е важно бидејќи постојано ќе учите нови зборови, кои веднаш треба да ги запишете. Навечер, погледнете кои нови зборови сте ги научиле и повторувајте ги.

5. Прогресивно мигрирајте од вашиот мајчин јазик на странскиот во умот. Научете да размислувате на странскиот јазик. Водете ги внатрешните разговори на овој јазик.

6. Бидете упорни. Ќе посакате да се вратите во удобната зона каде зборувате на мајчин јазик, но мора да се потрудите да не го сторите тоа бидејќи ќе вреди. Обидете се да одите спроти природната тенденција за зборување на мајчиниот јазик.

7. Читајте на глас. Ова ќе ви помогне да го добиете дијалектот, да ја научите синтаксата и да го проширите својот вокабулар. Можеби ќе звучите ужасно на почетокот, но бидете упорни. Се препорачува и снимање на себеси, а подоцна и слушање на снимката за да се забележат грешките кои се повторуваат.

8. Започнете да пишувате блогови, есеи, дневник, текстови, било што. Пишувајте нешто секој ден. Не е важно дали некој го чита тоа. Ова е креативна вежба за мозокот.

9. Излезете и разговарајте. Ова е одличен начин за вежбање на јазикот и негово усовршување. Не грижете се за грешките, никој нема да ве поправа.

10. Вежбајте, вежбајте, вежбајте. Без разлика колку бил скап курсот кој сте го посетувале и речниците кои сте ги купиле, јазикот нема да го научите доколку не вежбате редовно.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование