X
 05.05.2015 Живот

Компании за кои може да работите од дома

Велат дека наскоро сите ќе работиме во своите домови на своите компјутери.


Голем број луѓе веќе заработуваат така. Компаниите го прифаќаат трендот. Моментално, има повеќе стотици компании низ светот кои работат само виртуелно.

„Flex jobs“ објави листа од десетици компании кои функционираат речиси или целосно виртуелно. Поточно, понудени се 76 виртуелни компании кои функционираат во повеќе градови низ светот, а дејствуваат од компјутерот во домовите на работниците.

Ваква листа била направена и изминатата година. Во 2014 година, бројот на работни места за кои е потребен само компјутер пораснал за 26%. Порастот се очекува да продолжи и оваа година.

Големиот список на компании за кои може да работите од својот дом најдете го овде.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот