X
 05.05.2015 Образование

Средношколците потврдија: Од утре ја блокираат улицата пред МОН

Откако не добија позитивен резултат по средбите со Министерството за образование и наука, средношколците го носат протестот на следно ниво.


По марширања и едномесечен бојкот на наставата во училиштата следуваше и спиење пред МОН. Овој фронт се чини дека не е доволен, па средношколците преземаат поинакви мерки, помогнати од професорите и родителите. 

Средношколците, заедно со родителите потврдија дека во следните два дена ќе се блокира улицата пред Министерството за образование и наука со цел да се добие посакуваната цел од страна на власта, односно одложување на екстерното тестирање. 

Во меѓувреме, срендошколците ја пријавуваат матурата, иако не се откажуваат од бојкотот кој започна против новите реформи во поглед на матурата. 

Како изгледаше средношколскиот фронт пред МОН денес?

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование