X
 05.05.2015 Здравје

За првпат во Македонија! Со Bodytec до вашето најефикасно вежбање досега

Додека вие трчате на кеј со часови за да се подготвите за престојниот маратон, Усеин Болт вежба со специјални машини и се подготвува за следниот светски рекорд. Такви машини има и кај нас од неодамна и може да ги најдете во „Bodytec“ во Скопје. Заинтересирани од можностите кои се отвораат со ваквиот метод на вежбање разговаравме со професионалните тренери таму: Маргарета Мојсовска, Кристијан Мојсовски, Зоран Илиовски, Владимир Ѓорѓевиќ, кои ни кажаа нешто повеќе за вежбањето и поволностите од него.


Д.П.:Кажете ни нешто повеќе за методот. Поточно, која е улогата на струјата овде?

BODYTEC: Додека се движиме, централниот нервен систем е одговорен за функцијата на мускулите. Овде таа улога ја презема струјата. Се работи за електро-мускулна стимулација. Машината ги контрахира мускулите со помош на електричен импулс, но тој импулс навлегува подлабоко во споредба со конвенционалниот начин на вежбање и може да се регулира за секој мускул посебно. За 20 минути вие го вежбате целото тело и сите мускули. Без разлика кои вежби се прават, активни се сите мускули. Интензитетот на струјата го подесуваме ние во соработка со личноста која вежба, во зависност од местата каде чувствува потреба од зголемување или намалување на интензитетот. За разлика од теретана, каде на еден тренинг се вежбаат само одредени мускулни групи, овде се вежба целото тело.

Д.П.: Колку е ефективно ова вежбање? За што е подобро: правење мускулатура или губење тежина?

BODYTEC: Ги има и двата ефекти. Еден тренинг може да изгори до 1.250 калории со соодветни вежби. За споредба, едно планинарење од половина час троши 550 калории во зависност од интезитетот, физичката подготовка, тежината на рутата итн. Подесувањето на интензитетот на струјата го вади најголемиот потенцијал од мускулот, затоа е толку ефективно.


Д.П.: Дали се препорачува за сите возрасти?

BODYTEC: Се препорачува за сите возрасти, но пожелно е да сте полнолетни бидејќи децата во развој немаат потреба од толку интензивен тренинг. Единствено може да издвојам категории на луѓе кои имаат пејсмејкер на срцето и трудниците. Кај останатите категории нема никаков проблем. Инаку, ваков метод се користи и во рехабилитација, конкретно во спортот за побрзо заздравување на мускулот. Исто така, да се надополнам на претходното прашање, машината го забрзува и метаболизмот неколку дена по вежбањето.


Д.П.: Кои се другите здравствени поволности од вежбањето со оваа машина?

BODYTEC: Покрај вежбите за сила и издржливост, машината има програми за релаксација, за забрзување на метаболизмот и елиминирање на целулитот.

Д.П.: Ова е единствено место во Македонија каде може да се најде ваков метод?

BODYTEC: Ние сме официални застапници за MIHA BODYTEC во Македонија, а произведени се во Германија и се со висок квалитет. Секако, на запад овој метод на вежбање е веќе познат и нашироко се применува. Инаку, овој начин на вежбање првично се користеле од страна на НАСА за космонаутите. Горе во вселената нема гравитација и мускулите атрофираат, па затоа се користат за одржување на тонусот на мускулите на космонаутите и брзо вракање на силата откако ќе се вратат на земјата. Понатаму се користат и во спортот за постигнување врвни резултати. На пример, Усеин Болт е еден од врвните спортисти кој користи вакви машини за да постигне поголема брзина, сила и издржливост.


Д.П.: Каква е заинтересираноста овде досега?

BODYTEC: Најискрено, зачудувачки добра. Термините ни се речиси целосно пополнети. За почеток сме презадоволни. За месец, месец и половина, колку што постои клубот, се појави голем интерес.

Д.П.: Зошто би им препорачал на луѓето да дојдат да вежбаат?

BODYTEC: Пред сè, затоа што е здраво, ефикасно, нема контраиндикации и проблеми. Потоа, за само 20 минути добиваат тренинг од 3 часа, добиваат персонален тренинг еден-на-еден, поради што вежбањето е ефективно и не се прават грешки во него, не може да се повредите. Тренерите се обучени, со сертификати. И мислам дека ќе се воодушеват од исходот од овој вид вежбање.

Погледнете повеќе фотографии од вежбањето во ГАЛЕРИЈАТА.

Фотографија: Ѕвонко Петровски


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје