X
 06.05.2015 Технологија

Одлични корисни можности кои ги нуди вашиот ајфон

Телефоните на „Apple“ се познати по својот квалитет и возбудливите апликации и карактеристики. Но, многу корисници на ајфон ги знаат само основите.


Ајфонот може да ви ги чита пораките од сандачето

Наместо да ги читате самите, телефонот може да ви ги чита новите електронски пораки. Едноставно, наредете му.

Ги знае летовите

Уредот може да ве извести за летовите во местото каде се наоѓате. Гласовно побарајте информации за летовите над вас и ќе добиете листа од сите летови во моментот.

Поправете ги грешките

Грешките во пишувањето или уредувањето слики може да се случи кога најмалку ви е потребно. Но, поправањето е уште полесно бидејќи го прави вашиот телефон. Едноставно, протресете го телефонот и ќе ја поправите грешката.

Брзо полнење

Кога брзате да излезете, а немате полна батерија на телефонот, вклучете го авионскиот режим на телефонот, кој исклучува некои пристапи, со што се забрзува полнењето.

Автоматско исклучување музика

Оставањето на музиката да свири долго време сигурно ќе ја испразни батеријата. Но, доколку сакате да заспивате со одредена мелодија, тоа сторете го со вклучување тајмер за исклучување на музиката. Опцијата најдете ја во апликацијата за мерење време.

Фотографирање со копчињата за звук

Фотографиите може да се прават и со притискање на копчињата за подесување на звукот.

Добивање светлосни известувања

ЛЕД-светлата не се пропуштаат лесно кога не веднаш до телефонот или кога не го слушате телефонот. Светлата може да ве известат без ѕвонење или вибрирање. Подесете го ова преку „Settings“.

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија