X
 07.05.2015 Технологија

"Facebook" знае повеќе за вас отколку вие самите

Мајк Венер е корисник на „Фејсбук“ од 2007 година. Неговата дневна активност на социјалната мрежа не е претерано интензивна - лајкнување видео, коментирање статус и продолжување со денот. Но, со текот на времето, секоја информација која ја оставал, како што ја оставаме сите ние, се собирала во повеќе информации, што сега веројатно се океан од информации.


За да види колку точно информации „Фејсбук“ извлекол од него во последните осум години, тој копал длабоко во неговата историја и вадел сè што пронашол. Резултатите го изненадиле дури и него. Следуваат сите информации што „Фејсбук“ ги знае за него, а веројатно и за вас.

Име.
Возраст.
Пол.
Роденден.
Боја на коса.
Боја на очи.
Раса.
Моментално место на живот.
Родно место.
Минати места на посетување.
Преселување од една локација на друга.
Времетраење на секој нов дом.
Сестра.
Вујко.
Роднини.
Сопруга.
Внук.
Подалечно семејство.
Минати девојки.
Почеток на секоја мината врска.
Крај на секоја мината врска.
Времетраење на секоја врска.
Личен телефонски број.
Работен телефонски број.
Минати телефонски броеви.
Лична електронска адреса.
Работна електронска адреса.
Минати електронски адреси.
Профил на „PayPal“.
Број на кредитна картичка.
Имиња на сите пријатели.
Имиња на вистински пријатели и на пријатели кои само ги има во листата.
Пријатели со кои не сака да разговара.
Пријатели кои се блокирани на „Messenger“.
Пријатели од кои сака да добива известувања.
Пријатели на кои им ја следи секоја акција.
Средно училиште.
Факултет.
Години на учење.
Година на дипломирање.
Кариера.
Моментална професија.
Минати професии.
Времетраење на минати работни места.
Јазици кои ги познава.
Политички склоности.
Религиозни верувања.
Профил на „Linkedin“.
Профил на „Twitter“.
Профил на „Myspace“.
Профил на „Foursquare“.
Профил на „Yelp“.
Блогови на „Tumblr“.
Страници на кои коментирал.
Идентификациски број на мрежа на „Playstation“.
Код на „Wii“.
Код за „3DS“.
Идентификациски број на „Steam“.
Омилени бендови.
Омилени серии.
Омилени филмови.
Омилени книги.
Омилени видео игри.
Омилена храна.
Омилена боја.
Омилени интернет-страници.
Омилени апликации.
Омилено кафуле.
Омилен ресторан.
Омилен фудбалски тим.
Омилен ракометен тим.
Венчавки на кои присуствувал.
Забави на кои присуствувал.
Спортски настани на кои присуствувал.
Состаноци на кои присуствувал.
Места кои ги посетил во последната деценија.
Секое професионално патување.
Времетраење на секое патување.
Хотели во кој престојувал.
Автомобил кој го изнајмил за време на патување.
Спортови кои ги играл на училиште.
Профил на „eBay“.
Профил на „Amazon“.
Производи кои ги купил на „Amazon“.
Профил на „Audible“.
Книги кои ги купил од „Audible“.
Пријатели кои ги поканил за играње.
Навики во вежбањето.
Времетраење на возењето велосипед.
Патот кој го вози со велосипед.
Времето од денот кога обично вози велосипед.
Најчесто слушани песни.
Каде користи „Фејсбук“.
Од кои уреди се вклучува на социјалната мрежа.
Кои прелистувачи користи за користење „Фејсбук“.
Сите 217 апликации во кои влегол преку „Фејсбук“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија