X
 07.05.2015 Образование

Писмо од граѓанин: Средношколската борба на една постара генерација

Историјата се повторува...

Кога бев прва година средно (пред околу 30 години), сите мои ученици, цела моја генерација (+ / -) 5 (пет) години возраст, сите ние ја пеевме:



Во Електро машинско средно училиште (тогашен ЕМУЦ), професорот по физика и професорката по хемија "испратиле" околу 250 (две стотини и педесет) ученици на полагање, од кои околу 200 (две стотини) паднаа на полагање и ја загубија годината. А нешто слично се случило и во другите училишта во истиот период на годината. Цела една генерација упропастена.

Постоеле навистина професори со кои заслужиле секаков почит и сеќавање во нашите срца до крајот на животот.

Но оние идиоти, нивните колеги, кои политички беа заштитени, тие беа само преместени во друго училиште, без да одговараат за злоделото кое го направиле и таму наставиле нивната "професорска тортура".

Подоцна, и јас се префрлив во друго училиште Електро техничко училиште (тогашен Коце Металец) и после три години... само еден професор по наставен предмет елеткро "испратил" околу 90 (деведесет) ученици на полагање, од кои само тројца (!) поминале и тоа со крајни сили (добија оценка 2 (два) а тие претставувале едни од најдобрите ученици во школото). Останатите паднаа на полагање и тие останале без услов да фатат пријавување за учење четврта година на средно образование.

Кај наголемиот дел од учениците, беа без разбирање во нивното семејство, од нивните родители, па така се најдовме во средина, како под една преса. Тортура во школското образование и неразбирањето од домашните со притисоци.

И тогаш дојде нашиот бунт....



Години на страданијата наши минувале, се разминавме.
Многумина избегале од земјата. Многумина останале. Нема лутиш. Секој со свој избор.
Но, одговорността е една доблест, ако ја имате. Тоа е вистинскиот христијански карактер : Одговорност кон другите. Кон правдината. Кон вистината. Кон животот.

Се сеќавам од време на време со мојата генерација и си кажуваме спомени на нашата тогашна активност.
Некои го наследиле семејното богатство и се приклучија во овој систем на владеење. Останатите постојано менувале работно место и дејство, биедјќи не сакале да доживуваат малтретирањата во работен однос. Најголемиот дел од нас беа избркани од работа. Паднаа во сиромаштија. Цели нивни семејства настрадаа. Жените нивни ги оставија...

"Кога ќе го видам човекот" (не еден), кој седел до мене во училиште и кој заедно со мене се бореше за правдина, а сега го гледам пропаднат под притисоците на овој сотоснки систем.... Господи... плачам за оноа добро што го имавме... душата ме боли за моите пријатели... Тотално масакрирана моја генерација.

Диктатори, фашисти, крвници, злобници... мајката нивна...
Да. Ќе ме "обележуваат" за НЕ вработување.
Ќе ми смислуваат секакви сплетки.
Ќе ми лепат "налепница" за да соседите мои и сите што ме знаат да ме мразат.
Со уцените, тие диктатори и угнетувачи ќе се служат.
Ако... Немам повеќе што да загубам. Се загубив. Немам ништо.
Ќе ме тепаат, ќе ме боли, ќе викам. Но нема да ме уплашат !
А душата НЕ можат да ми ја земат.
Нема да станам како нив !

Бидејќи :
"Кога се ќе загубите во својот живот, тогаш ќе почнете да заработувате.
Тоа е богатството кое отсекогаш го имавте.
Вашата совест и свест.
Вашата душа."

Ж.Б.



Мојот живот е вреден!

Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.
Подготвил: Ж.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование