X
 09.05.2015 Технологија

Како да испратите приватна порака на "Instagram"?

Испраќањето приватни пораки на „Инстаграм“ не е доволно интуитивно за една толку популарна социјална мрежа. Затоа, не грижете се доколку сè уште не знаете како да го сторите тоа - не сте единствени.


Пред сè, направете фотографија. Кога ќе биде подготвена за да ја испратите некому притиснете „Next“.


Во менито „Share to“ одберете „Direct“. Потоа одберете „Write a caption“ и напишете ја пораката.


Потоа притиснете „ОК“.


Најдете го посакуваното име во листата и притиснете на него за да се појави зелениот знак. Може да одберете повеќе луѓе доколку сакате да ја споделите сликата со група луѓе. Потоа притиснете „Send to“.


Кога корисникот ќе го отвори својот „Инстаграм“ ќе види известување на сликичката од сандаче.


По притискање на сандачето ќе видат дека добиле нова порака од вас. Оттука може да ви одговорат на пораката. 



Тогаш вие ќе добиете известување.


Синиот круг покажува дека се коментирало на сликата.


Притиснете на „Response“ за да го видите нивниот одговор и продолжете го разговорот доколку сакате.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија