X
 11.05.2015 Култура

Музеј кој пронајде генијален начин да се рекламира преку "Game of thrones"

Секој понеделник интернетот го преплавуваат бројни содржини поврзани со популарната серија „Game of thrones“. Најкреативните, и потсвесно најточните пресврти ги објавува „J. Paul Getty“ музејот за уметност.

 

tronovi


На нивниот Tumblr профил тие ги раскажуваат случките од најновите епизоди од серијата преку скици и слики од нивната збирка на секојдневни уметности. На тој начин, фановите едноставно можат да ги проучуваат делата кои послужиле како реална историска инспирација за серијата.

Пресвртите се состојат од нацртани ракописи, средновековни христијански иконографии, па се` до европско сликарство од истиот период. Tumblr профилот на музејот моментално има повеќе од 220.00 следбеници, а прегледите на серијата се меѓу најпопуларните објави.

 


Вистинска историска драма

Еден од кураторите на музејот ги прочитал сите книги и смета дека доволно ги познава темите. Тој вели дека паралелно со гледањето на најновите епизоди, ја проучува колекцијата на музејот и се обидува да пронајде најдобро можна слика за одредена сцена. Таа исто така, укажуа дека серијата има вистински историски влијанија од кои најчесто произлегуваат од Војна на розите.

Тој вели дека и покрај тоа што збирката на музејот содржи многу змејови, сепак постојат сцени кои не можат да се покријат со нивната колекција. Тоа го натера музејот да ја поттикне соработката со други музеи кои се подготвени да бидат вклучени во овој проект.

Внимание, спојлери!

Во галеријата ви го донесуваме прегледот од четвртата епизода од петтата сезона во која Серсеј кова лукави планови, младиот крал Томен сфаќа дека нема вистинска моќ, Санса се враќа во игра  - Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура