X
 11.05.2015 Живот

Необична партнерка за матурска вечер

baba

 

Поради тоа што тинејџерот Дру Холм никако не можел да пронајде девојка која би му била партнерка на матурата, на крајот одлучил да ја покани неговата 93 годишна баба Кејти Кит, која после 75 години повторно заиграла на матура.


Откако таа дознала дека нејзиниот внук не може да пронајде девојка за матурската вечер, таа на шега му рекла дека секогаш е слободна, а нејзиниот фустан е спремен.

Но, нејзината шала Дру ја сфатил сериозно и неколку дена подоцна испратил и официјална покана не нејзината адреса, такашто оваа понуда Кејти не можела да ја одбие. После прифаќањето на неговата баба, тој побарал дозвола од средното училиште во Индијана, бидејќи според училишните правила таа била престара за да биде нечија партнерка и тоа за 72 години. Секако, училишниот одбор прифатил.

„Порано имаше помалку формалности отколку денес кога девојчињата и момчињата се подготвуваат за овој ден. Ние облекувавме фустани кои ги носевме во недела во црква и тоа беше тоа“, вели бабата. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот