X
 13.05.2015 Технологија

Генијалниот стартап од Србија со над 100 милиони корисници низ светот

„Нордеус“, компанијата која стои позади популарната игра „Top eleven“, онлајн фудбалски менаџер, објави дека играта достигнала повеќе од 100 милиони регистрирани играчи и уште еднаш ја потврди титулата на најпопуларна спротска игра за мобилни уреди во светот.

 

нордесус


Играта, чиј амбасадор е Хозе Мурињо, стана толку меѓународно популарна што има корисници од секоја земја во светот, а кога сите играчи би станале жители на една држава, таа би била 13-та најголема држава во светот.

Дури 10 милиони луѓе ја играат „Тop Eleven“ секој месец, а 4 милиони секој ден управуваат со нивниот фудбалски клуб. Сите тие корисници имаат иста цел, да унапредуваат и статусот на нивниот клуб да дојде до светски врв.

Објавувањето за достигнување 100 милиони корисници се поклопува со петтиот роденден на „Нордеус“ и веројатно ова претставува најдобрата честитка која би можеле да ја посакаат.

„Откако во 2010 година ја направивме првата верзија од играта, идејата ги привлече луѓето од целиот свет затоа што беа во можност да управуваат со фудбалски тим. Играчите сакаат да градат сопствен фудбалски тим и многу не` радува што 100 милиони луѓе ширум светот уживаат играјќи ја“, вели Бранко Милутиновиќ, генералниот директор на „Нордеус“.

„Реткост е една игра во текот на 5 години постојано да бележи раст на популарноста, да ја задржи базата на верни фанови и да стекнува нови. Фактот дека овој резултат го бележиме и на петтата годишнина на „Нордеус“ ја прави оваа вест посебан“, додава Милутиновиќ и порачува дека роденденот ќе го прослават наградувајќи ги играчите кои ќе можат да преземат посебно дизајнирани дресови и грбови од клубовите.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија