X
 14.05.2015 Здравје

Витамините и ризикот за заболување од рак

Во 20-от век забележуваме зголемување на користењето на витамински додатоци. Меѓутоа, ова е успех на маркетингот над доказите. Производителите на овие витамински додатоци создаваат „бучава“ околу витамините и прават да мислиме дека конзумирањето витамини претставува доблест. Меѓутоа, доказите не го покажуваат истото.


Лошите докази за кои не се информираат корисниците се негативните здравствени ефекти кои може да ги имаат вештачките витамински додатоци. Ова особено е точно за оние луѓе кои се здрави и немаат потреба од витамини, но и за оние кои претеруваат со конзумацијата.

Неодамнашно истражување направено врз основа на литература од областа од последните 20 години претставено на состанок на Американската асоцијација за истражувања за ракот открива зголемен ризик од рак кај корисниците на витамински додатоци. Д-р Тим Бајерс го претставил истражувањето.

Меѓу другото, се забележува зголемен ризик за рак на простата помеѓу мажите кои конзумираат вештачки витамин Е. Освен тоа, големите дози бета-каротен го зголемуваат ризикот за рак на белите дробови кај пушачите.

Антиоксидансите немаат докажани големи здравствени поволности и во високи дози може да го зголемат ризикот за секаков рак. Не се препорачува преголемо користење на мултивитамини и витамин Ц бидејќи нивното влијание не е толку добро како што се претставува.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје