X
 14.05.2015 Живот

Временска прогноза за денес и какво време не` очекува викендот што следува...



Во Македонија во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло но и ветровито. Ќе дува засилен југоисточен и југозападен ветер, а во делови од западните предели и засилен западен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21 односно до 32 степени.

Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна до 29 степени

Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста. Дневните температури од 24 до 35 степени.

Во сабота претпладне умерено облачно, попладне со услови за врнежи од дожд во северните, североисточните и источните предели. Утринските температури од 8 до 18 степени, а дневните од 22 до 33 степени.

Во недела умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и пад на дневните температури кои ќе се движат во интервал од 19 до 30 степени.

Во понеделник претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и благ пад на температурите.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот