X
 15.05.2015 Образование

Средно економско училиште од Битола го освои првото место на натпреварот од USAID

Битолското средно економско училиште СОЕУ „Јане Сандански“ го освои првото место на натпреварот од УСАИД „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“.

 

економско


Битолското училиште ја доби првата награда камера Го про 4 и лап топ. Учениците од училиштето учествуваат со видео приказна под наслов „Пронајди ја разликата“, со која се испраќа пораката сите сме исти, без разлика на верата или етничката припадност.

„На инсистирање на учениците на економско училиште да се учествува на овој натпревар, а со поддршка на педагогот Анета Ристевска и професорката Снежана Плушковска креиравме едноставно видео кое пренесува јасна порака. Пораката е дека единствено луѓето што ги прави различни е нивното име. Сите ние имаме исти интереси, исти права и исти одговорности. Среќни сме што сме првонаградени затоа што тоа ќе ни дава поголем поттик да работиме повеќе во иднина и да креираме активности за нашите ученици“, вели Мартин Николовски, член на Младинската организација.

На натпреварот учествуваа 37 средни училишта од цела Македонија со над 50 конкурирани материјали. Целта на натпреварот беше да се поттикнат учениците и наставниците да се произведат мултимедијални производи преку кои ќе се прикажат активностите на училиштата посветени на меѓуетничката интеграција во образованието, за да се зајакне соработката меѓу различните етнички заедници и негување на  културните разлики.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование