X
 16.05.2015 Култура

Едноставни фото трикови за Линкедин кои ќе ви ги зголемат шансите за работа

Линкедин е одлично место за поврзување со менаџери кои можат да ви помогнат да ја пронајдете вашата работа од соништата.

 

sefli


Но, најпрво треба да земете во предвид дека првиот контакт со работодавачот не е вашето CV туку профилната фотографија.

Затоа Линкедин споделува неколку едноставни совети за тоа како да направите подобро селфи и со тоа да ги зголемите шансите за работа.

Истражувањата покажуваат дека имате 14 пати поголеми шанси профилот да ви биде прегледан на Линкедин доколку имате профилна фотографија. Што треба да направите за да имате подобра селфи фотографија?

1. Чиста позадина - Имајте ги во предвид работите кои ве опкружуваат. Со користење на позадина како бел ѕид се фокусирате чисто на лицето, а не на она што е позади вас.

2. Природната светлина е секогаш подобра отколку блицот - Природната светлина е вашиот најдобар пријател, па затоа најдобро би било да ја искористите неа, а не блицот. Избегнувајте директна сончева светлина бидејќи сенките можат да ја уништат фотографијата.

3. Камерата од паметните телефони е одлична за селфи
- Доколку користите паметен телефон, тоа треба да биде понов модел. Обидете се телефонот да го поставите на некоја полица или побарајте трипод за да избегнете „селфи рака“.

4. Не гледајте надолу во камерата, гледајте нагоре - Погледнете нагоре, тоа е подобар агол бидејќи ги истакнува вашите очи и прави вашето лице и вашиот врат да изгледаат помали.

5. Бидете професионални во врска со вашата облека - Размислете што носите и што треба да носите. Главата и рамената се факторите кои го носат најдоброто селфи, што значи дека треба да имате во предвид што носите. Немојте да носите нешто што премногу го одвлекува вниманието - но и не се плашете да носите бои.

6. Не бидете центар на фотографијата - Најдобрите фотографии се оние на кои вие не сте центарот. Оставете доста простор и растојание меѓу себеси и објектот на камерата за да можете да ја сечите сликата подоцна.

7. Не се обидувајте да изгледате смешно
- Напрчени усни, налутени и слични селфи воопшто не се прикладни за оваа социјална мрежа. Покажете ја вашата природна страна со опуштање на вашето лице и израз.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура