X
 19.05.2015 Наука

Хрватските доктори наскоро со трансплантација на срца кои престанале да чукаат

Трансплантација на срце кое престанало да чука наскоро ќе биде возможно и во Хрватска. Потребната технологија за изведба на оваа операција е вредна повеќе од 1.5 милиони евра, а Министерството за здравје го поддржа проектот.

 

doktori


Ова е доста голем новитет во хрватската медицина, особено со оглед на фактот што оваа операција може да се направи само во две други земји во светот - Австралија, и од неодамна Велика Британија.

Револуционерната операција е можна преку користење на уреди и техники на OCS (Organ Care System) кој овозможува времето на транспорт на срцето наменето за трансплантација да се продолжи на повеќе од четири часа, на колку што досега беше ограничено.

Уредот OCS, популарно наречен „срце во кутија“, ги оживува срцата и ги храни со потребните хранливи материи имитирајќи услови на човечки организам.

Докторката Јасна Брезак, која знае како да го користи овој уред, укажува на досегашните проблеми при операција на трансплантација на срце.

„Со секој поминат час, кај пациентот стапката на смртност се зголемува за 20%. Четири часа се доста кратко време. Тоа значи дека за четири часови мораме да стигнеме од некоја донаторска болница на северот на Европа, која не е секогаш до аеродром“, вели таа.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука