X
 20.05.2015 Култура

Човекот кој го промени начинот на кој се пишуваат романи

Марк З.Даниелевски е човек кој се обидува да ги помести границите на пишаниот збор. Неговата книга „House of leaves“ на изглед личи како една сосема обична и едноставна книга, која се состои од неколку приказни. Ништо револуционерно. Се` додека не ја отворите книгата. Даниелевски е мајстор на формите и облиците.

 

roman


„House of leaves“ не изгледа како обична книга. Таа е една од најнеобичните што некогаш сте ги виделе. Десетици различни фонтови, празни страни, по еден збор на една страна, различни бои на текстот, реченици кои се искривени. Иако сето ова звучи конфузно, сепак е целосно генијално откако ќе започнете да читате. Марк низ неговите експерименти со формите создава нешто неочекувано - напнатост и страв кој може да го постигнат само филмовите со монтажа.

 

1

2


Моментално Даниелевски подготвува нешто ново. Деновиве треба да излези неговиот нов роман „The familiar“, книга од 800 страни која се чита доста брзо, најмногу поради тоа што тој ги користи истите трикови од „House of leaves“.

Овој негов нов роман всушност не е цел роман. Станува збор за колекција на девет приказни кои започнуваат во првата книга на епскиот том посвечен на Лос Анџелес. Кога велиме епски том, тогаш навистина мислиме на епски. Марк планира да објави 21.000 страни во 27 книги. Доста амбициозен план. Но, работите стануваат уште полуди. Тој планира да објавува две книги годишно, секоја од нив со свој уникатна и луда форма. Целиот серијал треба да го заврши за 13 и пол години. Вакво нешто никогаш не било видено во светот на литературата. 

 

3

4

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура